Џеват Исени, претседател на бордот на директори на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, сподели снимка на социјалните мрежи на која се гледа како се весели на свадба, а во појасот има пиштол.
Ова предизвика бура во јавноста, а Исени пак, се јави на фејсбук – пиштолот не е тоа што сите мислат.
-По објавата на Канал 5 демантирам дека пиштолот е тоа што тие мислат. Пиштолот е гасен пиштол, кој е само сигнален и каде и поседувам дозвола – напиша тој.
А ние пак мислевме дека пиштолот е пиштол, како што мислиме дека пушката што ја држи во раце е пушка. Со истата се пофали на фејсбук најавувајќи дека ловот може да почне…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.