Ексминистерот Миле Јанакиески по извршените лекарски прегледи во болницата „8 септември”, бил вратен во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари потвди директорот на затворот Ѓоко Котевски. Тој додаде дека Јанакиески се пожалил на болки,и според него имал нагмечувања, но не и скршеници. Тој додаде дека Спиро Ристовски не се пожалил на болки, па затоа, не бил испратен на прегледи во болница.
Котевски вели дека инцидентите биле одделни, а органите ќе утврдуваат кои биле причините и како се случиле. Сепак останува на ставот дека според првичните информации Јанакиески и Ристовски ги започнале вербалните расправии.
„Затворот ги превзема сите активности извршителите да бидат санкционирани. Нашата управа ќе започне истрага со цел да се испита дали е напрвен некој пропуст од страна на затворската полиција“, соопшти Котевски.
Според него, затворската полиција реагирала брзо. Деталите за тоа што се случило ќе се утврдува преку исказите на затворениците кои биле сведоци на настанот, но и преку надзорните камери. Директорот на затворот рече дека ги осудува ваквите инциденти и потенцираше дека ќе направат се за да не се повторат во иднина.
-Ние ќе почнеме постапка, денеска веќе работиме на тоа. Постојат камери, надзор, постојат овластени службени лица кои вршат мониторинг на тој простор. Се прибавуваат изјавите. Во тоа шеталиште не биле само двете лица, туку биле лицата кои се во тие соби. Да почекаме да видиме што ќе каже истрагата, не сакам да прејудицирам како ќе биде, истакна директорот.
Тој додаде:
Нашата управа ќе започне истрага со цел да се испита дали е напрвен некој пропуст и ако е утврден од страна на затворската полиција или другите служби ќе биде покрената соодветна истрага и дисциплинска одговорност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.