Директорот на општата болница Охрид денеска ќе го разреши и суспендира секретарот на болницата, кој спротивно на Националниот план за ковид имунизација се вакцинира преку ред во модуларната болница на КИБФСво Скопје, соопштија од Министерството за здравство.
Министерството за здравство ја осудува секоја злоупотреба и прекршување на приоритетните групи опфатени во трите фази на ковид имунизација. Укажуваме дека никој кој не е здравствен работник, опфатен во првата група, од првата фаза за имунизација, не смее да се вакцинира. Министерството за здравство апелира до сите здравстени установи, кои ги изготвуваат списоците за вакцинација и ги испраќаат до националниот систем Мој термин, дека за непочитување на планот и стратегијата за вакцинација, како и за секоја злоупотреба на процесот ќе следуваат строги санкции, велат од МЗ.
Секретарот во охридската болница Антонио Наумовски тврди дека не постоел приоритетен список туку список на вработени кои сакаат да се вакцинираат па поради тоа не чувствува одговорност и посочи дека во сето ова е вмешана политика.
Ја примив вакцината бидејќи сум член на Кризниот штаб и сум во директен констант со целиот медицински тим кој влегува во Ковид центарот, вели секретарот на охридската болница Антонио Наумоски, кој меѓу првите се вакцинираше против Ковид-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.