Директор на Клиниката за неврологија, Иван Барбов е позитивен на тестот за ковид-19 и се наоѓа во домашна изолација.
На својот „Фејсбук“ профил тој објави дека денес го добил резултатот за „САРС-КоВ-2“, кој се покажал како позитивен.
Вчера се тестирав заради контакт со неколку пациенти кои испаднаа позитивни, иако и тие и јас бевме со заштитна опрема. Немам никакви симптоми и од вчера сум во домашна самоизолација. Во изминативе 4 месеци секојдневно бев на работа, не се поштедив со ротации. Се со цел подобро да ја организирам работата на клиниката и да бидам достапен за сите пациенти. Постојано носев маска на работа и надвор во затворени простории – напиша Барбов на „Фејсбук“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.