Со новите снежни наноси кои ја зафатија Македонија во изминатите неколку дена, повторно настана сообраќаен хаос на поголем дел од патните правци низ државава.

Социјалните мрежи „вријат“, а први на удар се екипите на Македонија пат кои се надлежни за чистење на главните патишта.

Директорот на ова претпријатие, Гајур Кадриу за „Фокус“ вели дека е задоволен од сработеното на неговите екипи.

Направете споредба со државите каде врни обилен снег и кај нас. Тогаш ќе уочите дека не може повеќе да се направи. Според сите пишани правила, екипите биле на терен и не сме гледале со сеир кон снегот. Постојано сме на терен, а и претходно сме посолувале. Единствен проблем е регионот кај Штип и Радовиш. Таму има и големи ветрови, кои повторно го носат снегот на патот, истакна Кадриу.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.