Директорот на ЈП „Водовод“ Охрид, Светозар Стефановиќ, повикува на смрт на електрична столица на политички неистомисленици.

Тој на објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се пренесува став на претседателот на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, напишал: Само за столица се овие борци каков патриотски институт

Дали надлежните институции, полиција, јавно обвинителство ќе го истражат случајот и ќе постапат?

Дали се ова чесните кадри кои премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, ги ветуваше пред граѓаните и дали ова е дел од Кодексот кој неодамна беше усвоен од партијата и со кој се воведуваат највисоките начела и стандарди за однесување на членовите на СДСМ, особено за носителите на јавни функции?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.