ВМРО-ДПМНЕ објави видеоснимка на која се слуша како директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми се заканува дека ќе прати инспекција во општина Сопиште.
Заев во паника од пораз ги злоупотребува државните институции за политички притисоци. Арафат со нова задача, ќе пуштал инспекции во Сопиште зошто не е негов градоначалникот, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Знаат дека ќе изгубат и затоа Зоран Заев го вклучува неговиот механизам за притисоци. Директорот на Финансиската полиција се заканува дека ќе прател инспекција на градоначалникот на Сопиште, Стефче Трпковски и така на сила ќе го сменеле. Истиот тој Арафат пред неколку дена испорача и кривична пријава, што беше брутална нарачка од власта на градоначалникот на Петровец, Борче Митевски. Наместо програма – закани, наместо работа – злоупотреби. Затоа, жестоко ќе изгуби криминалната коалиција СДСМ-ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Линк од видео материјал
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.