Треба целосна длабока реформа на целиот систем за управување со кризи, смета директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.

Тој вели дека опремата во противпожарните единици е застарена, делумно во некои места е подновена, но тука, според него, има многу работа.

Сегментот на противпожарната заштита е раслоен, децентрализиран. Ние немаме централна команда на противпожарните единици. Јас морам да зборувам со градоначалниците, а тие да зборуваат со нивните командири на противпожарните единици. Тие повторно ќе останат децентрализирани, но ние планираме во иднина да напаравиме една точка што ќе може со еден повик истите да бидат активирани – вели Ангелов.

Тој нагласи дека тие како ЦУК немаат надлежност да набавуваат опрема или да покренуваат иницијатива за набавка на опрема.

Дел од опремата е во ДЗС, а главната опрема е во рацете на градоначалниците. Градоначалниците се тие кои треба да ја подноват противпожарната опрема. Ние во овој момент работиме на неколку нивоа на реформите – вели Ангелов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.