Д-р Арбен Зибери, директорот на Центарот за јавно здравје ги повика иселениците да дојдат и да гласаат за Албанец премиер.
Тој на Фејсбук напиша дека укинувањето на протоколите препорачани од Светската здравствена организација односно приложување на негативен тест и14-дневната изолација е направено благодарение на придонесот на ДУИ во здравствените политики на владата.
Добредојдовте иселеници. Родното место ве чека. Сега можете да си дојдете дома без тестови и 14-дневна изолација, благодарение на нашиот придонес во здравствените политики на владата. Јас како член на Комисијата за заразни болести и другите членови помогнавме да се отворат границите и луѓето да се движат слободно без протоколите препорачани од СЗО. Зошто да не, дојдете дома за Албанец премиер“, напиша Зибери на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.