Дали поранешниот пратеник и координатор на пратеничката група на СДСМ, денес директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Томислав Тунтев, врши злоупотреба на службената положба?

Според информациите и фотографиите кои доставени до порталот „Охрид24“, возилото „фолксваген пасат“ со регистарска ознака СК 6252 АК, кое е во сопственост на Агенцијата, постојано било паркирано на месноста „Сараиште“, на само неколку метри од семејната куќа на директорот Тунтев.

(фото: Охрид24)

Возилото со регистарската ознака СК 6252 АК е заведено и во регистарот на возила на државни органи, органи на локалната самоуправа, јавни претпријатија или други правни лица што располагаат со државен капитал и припаѓа на Агенцијата за цивилно воздухопловство. Наведено е и дека ова возило на припаѓа на групата на возила кои се заведени со забелешка дека се употребуваат 24/7, што отвора сомнеж, дали Тунтев го злоупотребува службеното возило на Агенцијата.

Повеќе на „Охрид24



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.