Директорката на ООУ „Аврам Писевски“ во Бардовци, поставена од СДСМ, Матилда Бајкова, која на страница за астрологија на „Фејсбук“ праша дали ќе добие втор мандат, вели дека не гледа никаков проблем во тоа и дека тоа го направила заради забава.
Каква фама се дигна што сум прашала дали ќе добијам втор мандат?! А, зошто да не добијам? А, и да не добијам големо чудо, професијата никој нема да ми ја земе – вели Бајкова.
Таа за ММС вели дека со другарка и се шегувале и бидејќи не знаела во моментот што да праша гопоставила прашањето за втор мандат.
Интересно ми беше. И што е тука страшно, не ми е јасно. Има ли некој што не чита хороскоп? Има ли некој кого некој кого не го интересира што кажуваат ѕвездите? Ама им благодарам на сите, поубава реклама не можеа да ми направат и да платев – вели Бајкова.
Според неа, станува збор само за астрологија и дека во јабмноста се направила драма таму каде шро нема место за такво нешто.
Кога државници и премиери си имаат свои гатачи тогаш е во ред. Може нив да им се гата. А јас што сум прашала, што е астрологија, не е ништо скришно, тогаш е проблем, нели? Аман забава е. Секој во слободно време има простор за забава и може да прави што сака. Што те прави лош работник ако се интересираш за астрологија. Слушаш нешто надвор од она што си. Ова нема врска со мојата успешност како просветен работник. А другите не читаат ли хороскоп? Што е тоа? Ерес или нешто неприродно? На кого му се прави лошо со ова? А не се ни претставив со лажно име или профил, како што ги има многу. Таа сум, не се кријам – вели Бајкова.
Бајкова е професорката по македонски јазик и литература, а во 2017 година, кога работеше во три училишта во Карпош, по повод Меѓународниот ден на учителот доби признание „Просветен работник на годината за постигнати врвни резултати во остварувањето на целите и задачите на воспитно-образованата дејност за учебната 2016/2017“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.