Директорката на охридската болница, Славица Малеска во изјава за „А1он“ вели дека не гледа вина кај неа за случувањата со стружанката која почина од коронавирус, а чии роднини тврдеа дека била одбиена да биде примена во инфективното одделение. Таа вели дека за нејзиното разрешување кое го најави министерот за здравство, Венко Филипче, дознала од медиумите, пишува А1он.
„Јас не гледам вина кај мене. Не ми е доставено известување од началникот на инфективното одделение за тоа дека пациентка била одбиена да биде примена. За случајот првпат слушнав откако излезе во порталите“, вели Малеска за „А1он“.
Целата изјава на А1он
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.