Директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, Милена Стевановиќ тврди дека респираторите тешко може да спасат нечиј живот, туку само купуваат време.

– Развојот на клиничката слика, зафатеноста на повеќе органи, исклучително брзата прогресија на болеста во одреден момент се причина за високата смртност кај пациентите на механичка вентилација. Апаратите не се лек, тие се инструменти што ни купуваат време, кое го користиме како шанса плус. Ковид-19 е болест за која никој во светот ниту е обучен ниту имал искуство. Светската медицина учи во движење и го споделува искуството, оттука и промените во ставовите. Ние не пропуштаме да го следиме секој напишан збор на оваа тема. Со нас се колеги од КАРИЛ, кои ни се од огромна помош, колега од Словенија, кој исто така работи со нас



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.