Специфичен лек што дејствува директно на вирусот не постои, ние ги користиме сите алтернативи од кои пациентите би можеле да имаат бенефит, се разбира прецизно, следејќи ги препораките. Се следи секој орган, виталните параметри и соодветно се реагира со терапија што би можела да помогне.

Лекувањето е многу комплексно и имањето мултидисциплинарни тимови како нашите е од огромно значење за следењето на болните, вели за МИА,директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, Милена Стевановиќ

Дали е сè подготвено за лекување со крвна плазма?

– Конвалесцентна плазма е опција за лекување исто така, во светот имаат одредени успеси, Институтот за трансфузиона медицина направи сè за да се овозможи и оваа опција, има и многу оздравени луѓе кои несебично ја нудат својата помош за болните, подготвени се повеќе дози за апликација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.