Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат доктор Ирина Бухова Сотирова е во 14-дневна самоизолација поради контакт со близок член на семејството, кој е позитивен на Ковид-19.

По препорака на епидемиолозите јас сум во самоизолација и ќе бидам 14 дена. Имав контакт со позитивно лице, член на потесното мое семејство.
Чувствувам должност да ја известам јавноста. Се чувствувам добро,немам никакви синтоми.
Првиот тест покажа дека сум негативна, но по епидемолошката препорака, ќе останам дома.
Цел период на функционирање во корона-криза, апсолутно ги почитував сите протоколи, маска, дезинфекција, како и физичка дистанца, соопшти преку веб-страницата на ДСЗИ Сотирова Бухова, заблагодарувајќи се за поддршката и грижата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.