Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) испрати реакција во врска со неделниот протест поттикнат од новите мерки против корона вирусот.

АВМУ ги осуди навредите и вулгарните пораки кои беа упатени кон новинарите на протестот и потенцира дека ваквиот однос е директен напад врз слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана.

Ги осудуваме сите форми на омаловажување и вербални навреди врз новинарите и апелираме да се почитува достоинството на новинарската професија, како и личното достоинство на медиумските професионалци. Потенцираме дека обезбедувањето услови за непречено работење на медиумските работници е неопходен предуслов за слободата на информирање – наведуваат од АВМУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.