Мисли на дома и спокој, земја со многу сонце, но исто така и загриженост сето тоа да не исчезне како скама, меурче од сапуница, бидејки како сме тргнале за брзо ќе ја изгубиме, а таа е единствената што ја имаме. Ова е првото нешто на што помислува Кокан Димушевски кога ќе се спомне Македонија. Легендарниот музички уметник зборува за татковината во кратко интервју за весникот „Скопко ехо“.

Кои се најкрупните 2-3 грешки кои се направија во Македонија во последните 30 години?

Премногу погрешни луѓе на погрешни места витални за државата. Не ми е јасно од каде се изнедрија толку самобендисани и неспособни, без осет за татковина и свој народ, гледајки го бескрупулозно само личниот интерес. Арамилакот стана доблест и мерка за успех, но забораваат, мислат дека вечно ќе живеат. Во вечен помен се влегува со празни џебови, но со дела сработени по кои ќе те помнат идните генерации, се друго е проклета суета.

Со што најмногу се гордеете во нашата земја?

Многу зли сили се з’гнаа да ја растурат и разнебитат, прават сè да не разделат и скараат едни со други, тука, дома, да фрлат кал на сè што е индивидуализам и прогрес, да ја преправат и искриват историјата на штета на Македонија. Мрачна сила сака од Македонија да создаде територија без имотен лист, без дедовина, без историја, култура, да не остави без иднина за своите деца. Колку и да сме малку по број, како можам да не бидам горд на големиот дух, итрина и желба за самоодржување низ вековниот погром кој ни се случува? Ова е питом, чесен, мирољубив и работлив народ, дарбата од Бога е голема кон нас, токму и затоа сакаат да не нема, да не постоиме, но со тоа ја прават најголемата грешка, само ни го разгоруваат инаетот, непокорот и патриотизмот да истраеме во борбата за подобро и свое, наше утре.

Целото интервју на „Скопско ехо



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.