Поранешниот пратеник, Илија Димовски, ги коментира новите мерки за справување со епидемијата на корона вирусот.
Мерки ли се мерки… 5 прашања…
1. Зошто нема мерки кои Владата ќе ги спроведе и ќе ограничи за себе одредени активности и привилегии?
(Сите мерки се за граѓаните и угостителите)…
2. Зошто се чекаше неколку недели?
(До пред неколку денови не убедуваа дека се е во ред и дека може и попис)…
3. Зошто не се набавија вакцини?
(До сега вакцинирани се 0,5% од населението, а имаме вакцини за уште 1%)
4. Дали знаете дека со ова темпо на вакцинација ќе ни треба повеќе од 1.300 денови?
5. Зошто Владата не превземе одговорност, туку денес го обвини народот дека се опуштил? – коментира Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.