Седницата на која ќе се разгледува Извештајот за разрешувањето на специјалната обвинителка Катица Јанева ќе биде затворен за јавноста, одлучи собраниската Комисија за избори и именувања.

Седницата ќе биде затворена затоа што станува збор за класифициран материјал иако јас сметам дека за извештајот од Советот на јавни обвинители за разрешување на Катица Јанева треба да се расправа на отворена седница, изјави претседателот на комисијата, пратеникот Илија Димовски.

Според процедурата, примероци од Извештајот ќе им бидат поделени на сите членови на комисијата, тие ќе го разгледаат, па потоа ќе гласаат. Предлогот за разрешување на Јанева ќе се донесе со просто мнозинство, а конечната одлука ќе ја донесат пратениците на пленарна седница, која треба да ја закаже претседателот на Собранието Талат Џафери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.