Пратеникот Илија Димовски побара да се симне точка од дневен ред за резрешување на министерката Рашела Мизрахи, мнозинството пратениците гласаа против.

Димовски побара Оливер Спасовски да си поднесе оставка, а не да бара оставка од Мизрахи, бидејки како што кажа таа го нема прекршено Преспанскиот договор, додека Спасовки го има и тоа во повеќе наврати.

Мизрахи го нема прекршено Преспанскиот договор. Спасовски го има прекрешено Договорот и тоа во полза на Грција. Договорот вели: сите материјали и документи ќе се усогласат со новото име кога ќе биде отворено соодветното поглавје во преговорите со Европската унија. Поглавјето за труд и социјала не е отворено. Вие Спасовски го имате прекршено Преспанскиот договор и тоа во полза на Грција. Ниту поглавјето за внатрешни работи не е отворено, а вие издавате документи со новото име. Затоа предлагам разрешувањето на Мизрахи да се симне од дневен ред, и вие Спасовски да си поднесете оставка поради прекршување на Преспанскиот договор и тоа на штета на својата земја, рече Димовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.