Денешното отворање на условената можност за формирање заедничка или Влада на национален спас само покажа дека собраниското изгласување на (само)доверба е со краток рок на траење, реагира пратеникот и лидер на СПМ Љупчо Димовски.

Дотолку повеќе што тоа претставува потврда за некомпактноста на парламентарното мнозинство за какво што се сакаше да се претстави. Тоа е и горчливо признание дека Владата е без капацитет и дека, во услови на здравствена криза и последиците од неа, кај неа отусутвува идеја за изнаоѓање на соодветни ефикасни решенија со кои би се справила со секојдневните проблеми со кои се соочува.

Веднаш по последните парламентарни избори, свесна за состојбата во која се наоѓа Република Македонија, но и за нискиот капацитет на мнозинството и распоредот на пратеничките мандати во Собранието, опозицијата предложи формирање на експертска влада која ќе ги обедини и ќе ги вклучи сите креативни сили во државата. По седум месеци повторно се наоѓаме на почетокот, меѓутоа потрошено е драгоцено време.

Патем, токму персоналното условување на можноста за формирање на „задничка“ или некаква друга влада остава првичен впечаток за потребата од претпазливост за нејзината искреност и можноста од краткорочно придржување кон неа, пишува Димовски во својата објава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.