Проблемот со Бугарија нема да почне да се решава уште долго време, анализира Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ по прелиминарните резултати од изборите во Бугарија.
Резултатите на изборите во Бугарија ќе создадат повеќе проблеми од решенија…
1. Досегашната Влада повеќе нема мнозинство во Парламентот на Бугарија.
2. Каракачанов повторно влегува во Парламентот.
3. Втора по број на гласови е листата на Слави Трифунов, кој по своите ставови не е ништо подобар кон Македонија од Каракачанов.
4. Не е возможна Влада во која не би бил барем еден од двајцата “големи” Бугари, Каракачанов и Трифунов.
5. Возможно е воопшто да не се формира Влада и Бугарија повторно да оди на избори.
6. И да се формира некаква Влада, таа нема да има концентрирана политичка моќ за да направи компромиси кон Македонија.
Заклучок: Ќе почекаме за преговори…
Оставки!
#Macedonia #BulgarianElections #Bulgaria #EU
Проблемот со Бугарија нема да почне да се решава уште долго време…
Резултатите на изборите во Бугарија ќе создадат…Posted by Ilija Dimovski on Sunday, 4 April 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.