Илија Димовски ја коментира состојбата во Македонија по оставката на Зоран Заев од премиерската позиција и оставштината од неговото владеење.
Системски проблем е на државата што може да добие Премиер кој ќе ги згази и погази сите демократски стандарди на парламентарна демократија;
ќе тргува со судството и обвинителството за доминација и влијание во политичката битка;
ќе ги поништи веќе утврдените националните и државни позиции за клучните идентитетски позиции, ќе промени Устав спротивно на јасно изразена волја на граѓаните на Македонија;
ќе прифати договори со кои се нарушуваат основните човекови права;
ќе го десеткува значењето на АСНОМ и ќе тргува со значењето на Илинден…
Системски проблем е неговиот избор, а неговото одење е нова шанса за реституција на правната држава…
Оваа држава мора да најде начин да се бори и да ги отстрани катастрофалните последици по владеењето на Заев…
Тоа не е партиска или политичка битка, тоа е битка за опстојување на македонската нација и македонската држава…
Интелектуална обврска е оваа власт да замине ден побрзо… – коментира Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.