Реториката на поделби и меѓунационална омраза е директно осмислена, организирана и поттикната од Владата на Република Македонија, смета поранешниот пратеник на ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски.

Во едно новоотворено министерство постои цел штаб на десетина квази-портали кои се задолжени да внесуваат омраза и поделби помеѓу Македонци и Албанци, со цел да се предизвика гласање за владините кандидати.
Од тој центар се поттикнува омраза.
Од тој центар се штити криминалната власт лажејќи ги и полнејќи ги луѓето со омраза и поделби.
Корист од поделбите на меѓунационална основа имаат само првиот и вториот човек во Владата, никој друг во оваа држава, пишува Димовски на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.