Во вербална дискусија во „Клик Плус“ на ТВ21 меѓу пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски и професорот Љубомир Фрчковски, не се сложија околу Преспанскиот договор.
За Фрчковски Договорот од Преспа е колективен договор, додека Димовски смета дека некои точки навлегуваат и во индивидуалните права.
„За Преспанскиот договор, клучно прашање е дека две држави си дозволиле да дефинираат термини, и тоа не е либерално и не е почитување на индивидуални права“, рече Димовски.
Тој кажа дека препродавањето на пратеници во Собранието, не е демократија.
„Начинот како се препродаваат пратеници во Собранието, не е демократија“, изјави Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.