Судијата поротник Митко Сандев треба самиот да поднесе оставка, во спротивно се соочува со лична кривична одговорност, коментира новинарот Саше Димовски за случајот со судијата-поротник, кој иако со навршени 60 години законски треба да оди во пензија, сè уште не оди, зошто е дел од неколку судски процеси против ВМРО-ДПМНЕ. Дополнително, тој е и дел од официјалните тела на политичка партија која е во коалиција со СДСМ.
Поротниците се избираат по предлог на претседателот на судот, кој доставува листа до Судскиот совет, кој ги избира и разрешува. Тоа е обично колективна листа, од 20,30, 40, а во меѓувреме ако некој сам побара или од други причини му завршува мандатот, тогаш се предлагаат поединечни поротници. Имаше одлука пред десетина дена на Судски совет каде има разрешување на поротници од Кривичниот суд во Скопје од истата причина! Затоа е чудно, што одреден поротник останал, а другите биле ставени на листа за разрешување. Тоа треба да го објасни раководството на Кривичниот суд, дали бил или не бил известен Судскиот совет, а оттаму да објаснат ако биле избестени зошто не е ставена точката на дневен ред. Со самото констатирање на овој факт, него му престанува мандатот и утре може таа одлука да се спори и во Стразбур дека е донесена од ненадлежен суд. Да бевме правна држава, јавен обвинител да им стегнеше пријава за злоупотреба на службена должност и во Судски совет и во Кривичен суд, да видите како ќе се решеа овие работи, рече Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.