Граѓани и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и Димитар Димовски од Извршниот комитет на партијата, како и секоја година, така и оваа, на годишнината од неговата смрт, му оддадоа почит на македонскиот револуционер Даме Груев, посетувајќи го местото каде што тој загина.
Даме Груев, апостолот на Македонската револуционерна борба, бил доживуван како волјата на револуционерна Македонија. Ние сме тука, секоја година, да се поклониме, да одадеме почит на војводата Даме Груев, на човекот за кој Внатрешната македонска револуционерна организација му била длабоко насадена во срцето, создавјќи ја со една единствена цел СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ, САМОСТОЈНА И НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА во која ние денес живееме, вели Димовски.

Дамјан Груев роден во Смилево, починал во Русиново. Тој единствено живеел за да ја види ослободена и независна МАКЕДОНИЈА… И после 113 години, Груев е икона во македонската историја, тој денеска е наш идол, човек кој преку својата чиста и родољубива мисла ни остави силна порака дека МАКЕДОНИЈА нема цена, дека МАКЕДОНИЈА е идеал за кој многу животи се положени, земја во која многу крв е пролеано, многу солзи на мајките македонки се протечени, голема била жртвата за слободата на МАКЕДОНИЈА, вели Димовски.

Димовски додава дека непосредно пред кревањето на Илинденското востание, еден од шестмината основачи на ВМРО, ќе рече: „Доста е! Подобро ужасен крај, отколку ужас без крај!“.
Оваа негова порака, остана да е во важност и во денешно време. Време, различно а сепак толку многу слично како во далечната 1906-та година. Време во кое народот е отуѓен меѓу себе, разделен, испокаран… Време кое е неиздржливо и неодржливо.
Но, како што рекол другиот апостол на МРО, Гоце Делчев: “Најтемно е пред зората”. Оваа порака ни дава поттик да се сплотиме сите со чесни намери, честити Македонци и граѓани на Македонија, кои си ја сакме државата и својата иднина и перспектива ја гледаме тука, заедно, рака под рака, обединети, на 12-ти април 2020 година, да ја донесеме зората во Република Македонија. Да ја обновиме Македонија и да ја направиме достојно место за живеење и достојна да се гордееме со неа! Да ја вратиме вербата во правдата. Да воспоставиме принципи на посветеност, чесност и отчетност. Да покажеме дека политичарите работат за народот и за државата. Да ја вратиме Македонија на народот! Да ја направиме Македонија голема повторно!, порача Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.