Пред нас е денот на кој треба да донесеме важна одлука – во каква општина сакаме да живееме, на кого ќе му ја дадеме довербата да ја води општината, на кого најмногу му веруваме дека ќе го реализира она што го ветува, напиша на Фејсбук, Димитар Димовски од ВМРО ДПМНЕ.

Понатаму тој пишува:
Овој пат, изборот е многу по едноставен и во голема мера лесен.
На една страна имаме навистина стручни, квалитетни и чесни кандидати, кои се високо мотивирани да ја реализираат програма за која гарантираат и со која имаат за цел да создадат нова иднина. Кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.
Од другата страна понудата е во голема мера навредлива за народот, бидејќи генерално се нудат нечесни кадри, дел од нив- докажано неспособни, луѓе без идеја и визија, истрошени и самобендисани. Кандидатите на СДСМ.
Знаејќи го ова, не е воопшто тешко да се донесе одлука за кого да се гласа. Она што треба да го имаме предвид дополнително, е дека на овие избори го отвараме и патот за промени во државата, кои промени веќе се повеќе од неопходни. Неопходни се не само заради криминалот и сите предавства кои ги направи актуелната власт, не само заради нивната неспособност да се справат со здравствената, образовната и економската криза, туку и за нешто многу по важно. Неопходни се за да ја застанеме Македонија на нозе, да го сопреме економскиот и социјалниот егзодус на народот, да го сопреме разграбувањето и уништувањето на државата и да го вратиме достоинството, но и насмевките на луѓето.
Сите заедно сме многу по силни. Можеме да ги донесеме промените.
Да излеземе на 17-ти октомври и да гласаме за создавање на нова иднина, за нови промени, проекти и победи.
Да им дадеме доверба на најдобрите кандидати.
Да заокружиме 7️⃣ за кандидатите за градоначалници на општините и за советничките листи и да заокружиме 8️⃣2️⃣ за кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, пишува Димовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.