Откако претседателот Стево Пендаровски се премисли за членство на Македонија во Европската економска зона, екс пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски вели дека се ќе беше поедноставно ако претходно не се одбиеше поканата и властите ја призннаеја грешката која ја направија.
Димовски потенцира дека власта е кусогледа, а од политика разбира само агресивности, прогон и навреди кон политичките конкуренти, додека во исто време ги промашува сите стратешки интереси и ги троши сите национални вредности.
Се ќе беше поедноставно, ако:
1. Не сте ја одбиле поканата за ЕЕЗ (Евопска Економска Зона);
2. Кога веќе сте ја одбиле, да признаевте грешка и веднаш, пред неколку месеци, да сторевте активности кои се неопходни и кои ви беа предложени.
Вака, ви требаше неколку месеци да признаете дека сепак патеката кон Европа ќе мора да ја гледате и низ призмата на секојдневните интереси на нашите граѓани (економски, образовни, социјални, културни, транспортни,…) повеќе и пред вашите политички теории и интереси на тесната политичка елита околу вас…
Значи, господа од власта:
– кусогледи сте;
– од политика разбирате само агресивност, прогон и навреди кон политичките конкуренти;
– ги промашивте сите стратешки интереси;
– ги потрошивте сите национали вредности;
– мислејќи дека ги решавате проблемите со соседите, создадовте нови, многу поголеми…
Никој за ништо нема да ви гарантира, ако сами не го одработите, а работа не значи отстапување од националните симболи, име и идентитет… – стои во објавата на Илија Димовски на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.