Оставката на Заев може да биде стопирана. Го кажувам тоа што Груби и Османи го повторија неколку пати во последните денови, дека не се согласуваат со оставката, вели поранешниот пратеник и член на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.
Според него, досега се што кажал Груби за Заев, испаднало точно.
Веќе поминавме месец и повеќе од локалните избори, во кои немаме ефектуирање на политичката моќ на централната власт. Ова формирање на влада ќе трае уште повеќе од месец. Долго време е потребно за да СДСМ си ги регулира внатрепартиските односи и потребата да се испазари со Алтернатива. Тоа државата ќе ја чини 4 месеци, смета Димовски во гостувањето на емисијата „Само вистина“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.