Поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски тврди дека министерот за здравство Венко Филипче не поднел никаква оставка. За да биде поднесена оставката, смета Димовски, Филипче требало да ја поднесе до Собранието, а не до премиерот Зоран Заев.
Димовски на својот фејсбук коментира дека тоа било само маркетиншки трик и поигрување со јавноста.
Воопшто немаше оставка… Да беше оставка, ќе се поднесеше до органот кој го избрал, а тоа е Собрание на Република Македонија. Да беше оставка, за неа не одлучува никој, туку Собранието ја констатира на првата наредна седница… (читајте Устав). Да беше по Устав и право, ама не е… Да беше по морал и етика, ама не е…, напиша Димовски.
Тој оценува што ќе значи ако премиерот Зоран Заев ја прифати и отфрли оставката на Филипче.
„Ако Зоран Заев ја прифати оставката ќе ја згази СДСМ… Ако Зоран Заев не ја прифати оставката, ќе се згази себе“, напиша Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.