Двајцата сте одговорни, двајцата да си поднесете оставки, вели Илија Димовски по попладневната преписка меѓу претседателот Стево Пендаровски и министерот за здравство Венко Филипче.

Префрлање на одговорноста од Пендаровски на Филипче, и обратно, е доказ дека и тие знаат дека има одговорност за здравствената криза…
Ова е само игра кој како да се провлече од таа одговорност и да го насамари другиот…
Заедно прогласуваа вонредна состојба…
Заедно прогласуваа кризна состојба…
Заедно ни кажуваат дали треба или не треба мерки и какви…
Заедно (пред неколку месеци) велеа дека донеле заклучоци за вклопување и на приватното здравство во борбата…
Заедно одеа во кампањи и се фалеа меѓу себе дека се потенцијал и капацитет…
П.С. Срамот не е за државата, срамот не е за граѓаните, срамот е за неспособната власт…
П.П.С. Следниот пат кога ќе одржувате Совет за безбедност имајте на ум дека тоа не е ниту дебатен клуб, ниту чајџилница, па да си разменувате впечатоци…, порача Димовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.