Илија Димовски во врска со пописот на „Канал 5“ посочи дека тој лично не очекува успешен попис затоа што власта ги занемари забелешките од стручната јавност, а доколку се обиде истиот да го фингира ќе предизвика политичка криза, а неуспехот на пописот е одговорност на власта.

Не очекувам успешен попис, власта не најде за сила да ги прифати забелешките на стручната, експертската јавност и од политичките опоненти во насока да дојдеме до момент кога ќе имаме прифатлив попис за сите граѓани, а со тоа ја зема врз себе целокупната одговорност врз себе и за квалитетот на пописот и за резултатите од пописот и за евентуалниот неуспех на тој попис, вели Димовски.

Димовски вели дека отприлика бројката на луѓе кои се иселени низ Европа е позната, како и бројот на жители по градовите и ако власта се обиде да фингира ќе предизвика и политичка криза.

Жалам што се заврши вака овој процес со пописот, но одговорноста е целосно на власта, посочи тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.