Јас не би сакал да минеме низ еден долг процес на транзит на власта, како што беше минатиот пат, тоа остави длабоки траги, рече за ТВ Телма Илија Димовски, поранешен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Дојдено е времето да се смени власта, се надевам и посакувам премиерот да ја прими пораката која самиот си ја постави како цел пред две недели и самиот да најави повлекување. Доколку не го направи тоа сам, очигледно државата ќе влезе во некој таков процес, дали тоа ќе биде ново парламентарно мнозинство, дали тоа ќе биде паѓање на Владата па експертска Влада и ќе има избори брзи или не, тоа секако ќе го видиме од утре натаму. Паѓањето на Тетово за ДУИ се сриозен удар, но и паѓањето на Куманово е сигнал, Максим би тргнал во расчистување на состојбите во партијата. Искрено посакувам е да имаме уште денеска повлекување од премиерот, не заради триумфализам, туку заради здрави демократски навики, рече Илија Димовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.