Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова, која деновиве е во фокусот на јавноста поради изборот кому да бидат доделени финансиските средства од Европската унија од програмата „Еразмус плус“, вечерва ќе се соочи со политичкиот аналитичар Александар Пандов, кој пак од неодана е претседател на Патриотскиот институт на ВМРО.

Пандов и Димова ќе дебатираат во „Само вистина“ на Канал 5 од 18:30 часот денеск.

Како чести гости во емисијата, но никогаш соочени еден со друг, се очекува жестока дебата и остар дуел.

Самиот Пандов преку „Фејсбук“ дуелот го најави со зборовите: Кога магарињата ќе стивнат.

Александар Пандов-ВМРО vsЛидија Димова-СДСВечерва ,18:30ч во Само Вистина на Канал 5#КогаМагарињатаЌеСтивнат

Gepostet von Александар Пандов am Freitag, 16. Oktober 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.