Лидија Димова, директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност изјави дека нема да поднесе оставка на функцијата сè додека не открие како се проневерени 2,2, милиони евра.

Морам да ги разочарам ВМРО-ДПМНЕ кои бараат моја оставка. Оставка нема да дадам се додека не откријам како се проневерени 2,2 милиони евра. Тие велат дека се плашат дека јас ќе сум ги избришела податоците. Нека не се тревожат, системот во Брисел е таков што сите податоци се запишуваат автоматски, таму нема бришење, рече Димова на денешната прес-конференција.

На објавата со магарето од страна на Тортевски, таа реагираше дека тоа е еден вид одмазда на Тортевски, поради тоа што не ги добил очекуваните пари од еден проект.

За проектот со магарињата. Ако одите на веб-страната на Националната Агенција, таму има еразмус проект. И има алатка по која наоѓате проекти. Може да внесете било што: пчели, магаре… Ви ги кажува сите проекти во врска со магарињата и ќе ви каже колку држави учествувале во тој проект. Не се магарињата толку смешни колку што Тортевски сакаше да направи приказна. И таа приказна не беше случајна, таа небулоза од Тортевски кој се забавуваше со темата магариња, затоа што тој има тужба кон Националната Агенција затоа што имаше еден проект за кој јас ги скратив средствата и ваквите пишувања на Тортевски имаат еден вид позадина, рече Димова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.