Кривичниот суд и ги одзеде двата пасоши, обичниот и дипломатскиот на поранешната директорка на Агенцијата за европски образовни програми, Лидија Димова. Освен што остана без патни исправи, Димова има обврска редовно да се јавува во судот но доби и забрана да врши одредени работни дејствија. Истите мерки Кривичен ги донесе и за другите двајцата осомничени.
Обвинителството се сомнева дека Димова го сторила кривичното дело Злоупотреба на службена положба и Измама на штета на средствата на ЕУ. Истрагата против Димова ја отвори финансиската полиција, а сомнежот е дека е направена штета од 400 илјади евра. Димова влезе во фокусот на јавноста откако медиумите открија дека доделила грант од 270 илјади евра за фризерница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.