„Македонскиот министер шокира: И ние помогнавме да се бомбардира Србија“ – со ваков наслов започнува веста на српскиот портал Ало.рс, во која порталот го пренесува генералното чувство на Србите дека Македонците се среќни што Србија била бомбардирана и дека се гордеат што придонеле во тоа.
Минатата недела во Вашингтон се собраа министрите на 29-те членки на НАТО на формално одбележување на 70-годишнината од формирањето на блокот по Втората светска војна.
Ало.рс дознава дека на тој собир министерот за надворешни работи Никола Димитров се пофалил дека Македонија ревносно го поддржала бомбарирањето на Србија и СР Југославија.
Рече дека дури и Македонија дала логистика за агресијата на НАТО на СРЈ во 1999 година, открива изворот на Ало.рс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.