Мојата реакција беше во одбрана на македонскиот народ а не во навреда, рече денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров во одбрана на својата интерпелација пред пратениците.
Тој го образложуваше делот што беше и повод за опозицијата да побара негова смена од функцијата каде што ја нарече македонската нација искомплексирана.
Димитров во своето обраќање читаше изјави на грчки политичари од опозицијата во кои тие ја критикуваат тамошната власт дека им признала македонски народ и јазик. Исто така ги читаше изјавите на европските челници во кои ја истакнуваат важноста на Договорот од Преспа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.