Вицепремиеот Димитров на прашање  дали е можно решение во наредните неколку месеци со Бугарија и што досега македонската Влада има направено и планира да направи за да ги зголеми шансите за договор, и дали решението е само до Софија, Димитров вели дека ова во моментов е клучно прашање.

-Овој пат влогот е голем и станува невозможно да се одржиме и да продолжиме да зборуваме за европската перспектива за граѓаните на Македонија, влогот е голем и за Европската Унија бидејќи ветувањето е тука и ако ветувањата не се исполнат тоа испраќа многу негативна порака. Најголемиот влог е до нас, бидејќи ние сакаме да го почнеме европскиот пат. Но влогот е голем и за Бугарија и за пријателството меѓу двете земји. Ќе биде приодно за нашите соседи, кои се и членки на ЕУ да имаат најголем интерес од европска  Македонија, од успешна приказна во нивното соседство и сметам дека од оваа перспектива треба да пристапиме и да го ревитализираме ангажманот со Софија, рече Димитров.

Според Димитров, иако сега таму има техничка Влада, нови избори на 11 јули, но и претседателски избори наесен, како и избори во разни земји членки, не треба да се изгуби моментумот и да се чека.

-Мислам дека после сето ова немаме луксуз да кажеме дека ќе чекаме. Треба да се обидеме да го зграпчиме, моментот, да најдеме начин да ги надминеме пречките, и јас ова го гледам како „вин-вин-вин“, или „луз-луз-луз“, сценарио. Немаме сценарио каде Бугарија ќе добие, а ние ќе изгубиме, или и двете сме добитнички, или двете губитнички. И Европската Унија е во истата кошница со нас. Се обидовме со еврокомесарот Вархеји, претходно со германското претседателство, сега е португалското претседателство, и сметам дека имаме можност да го вратиме моментумот на европската идеја на Балканот и не смееме да го изгубиме тој моментум, истакна Димитров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.