Носителот на пратеничката листа на СДСМ во ИЕ1, Никола Димитров денеска возеше кајак на Матка заедно со Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.

Додека уживавме во природата зборувавме за тоа каква земја создаваме за младите.

Од тука ќе одиме на средба со млади и спортисти во Кисела Вода за да слушнеме што е тоа што им е потребно и да им го пренесеме она што ние во следните четири години ќе го направиме за нив. 

И секако двајцата бевме натпреварувачки расположени, што е логично кога сме во сред кампања, порача Димитров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.