Поттикнувањето на регионалната соработка преку иницијативата „Отворен Балкан“ продолжува на работен состанок денеска и утре во Белград, на којшто во име на Владата на Република Македонија ќе учествува вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.
Агендата за работниот состанок што се организира во соработка со Атлантскиот совет, опфаќа панел дискусија на тема „Дигиталната трансформација како подадена рака за регионална интеграција“ на која ќе бидат усвоени заклучоци, по што ќе биде одржана и прес–конференција.
Воедно, предвидени се лидерски средби и средби со претставници на компании од Македонија, Албанија и Србија на коишто ќе биде разговарано за олеснување на трговијата.
Прес-конференцијата може да се проследи во живо на линкот: www.tanjug.rs.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.