Вицепремиерот Никола Димитров, попладнето пристигна во Белград, каде утре ќе учествува на разговорите во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“.

Димитров на аеродромот „Никола Тесла“ го пречека министерката за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ.

Во изјава за Танјуг по слетувањето на белградскиот аеродром, Димитров рече дека Македонија, и покрај последните настани во таа земја по локалните избори, е целосно посветена на иницијативата „Отворен Балкан“.

„Јас пред се доаѓам со порака дека регионалната соработка е апсолутно европска приказна, дека сакаме да ја продлабочиме. Утре додаваме едне важен сегмент за тоа како тука може да помогне дигитализацијата. Доаѓам во момент кога во Северна Макодонија завршија локалните избори, има извесни политички предизвици, па и политичка криза на некој начин и важно е да дадеме сигнал дека како Влада, како држава сме целосно посветени на оваа иницијатива што се роди на Балканот и чија цел е пред се европски Балкнан“, изјави Димитроов.

Според агендата, вечерва не се предвидени активности отворени за медиумите, туку само работна вечера.

Агендата за работниот состанок што се организира во соработка со Атлантскиот совет, опфаќа панел-дискусија на тема „Дигиталната трансформација како подадена рака за регионална интеграција“ на која ќе бидат усвоени заклучоци, по што ќе биде одржана и прес – конференција.

Предвидени се лидерски средби и средби со претставници на компании од Македонија, Албанија и Србија на коишто ќе се разговара за олеснување на трговијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.