Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, објави дека ја разгледал канцеларијата во седиштетот на НАТО во Брисел која Македонија ја купува за речиси 3 милиони евра.

За купување и адаптација на деловен простор во седиштето на НАТО во Брисел за потребите на Мисијата на Македонија во НАТО предвидени се 2.872.255 евра за купување 996,37 квадратни метри административните простории и паркинг и за адаптацијата.

Димитров учествува на НАТО министерскиот состанок во пресрет на лидерскиот состанок на Алијансата во Лондон.

Денот го искористивме за посета на идните простории на Постојаната мисија на Македонија. Покрај средбата со новиот заменик генерален секретар на НАТО Мирчеа Џоана, остваривме и билатерални средби со колегите од Франција, Португалија, Луксембург, Грција, Бугарија, Словенија, Словачка, Чешка, Данска, Полска и Црна Гора, објави Димитров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.