Mинистерот за надворешни работи Димитров вели дека во СДСМ и целата коалиција ја гледа единствената надеж оваа држава да оди напред.
Направивме големи чекори напред, мора ова да го зацврстиме и мора конечно Европа да си ја донесеме дома. И тоа покажавме дека можеме и тоа ќе го направиме. Ние бараме нов мандат за да покажеме дека ќе не’ биде. Дека македонскиот народ и деловите од сите други наши сограѓани, албанскиот народ, српскиот, турскиот, бошњачкиот, ромскиот, влашкиот. Ние не сме ништо подолу од било кој друг народ околу нас, во Европа или во светот. Димитров ега во овие следни 4 години е нашата златна шанса. – Конечно да направиме сериозен исчекор да нема веќе враќање. Да ја ставиме нацијата на шини, да нема да може ни лево ни десно ни назад. За да на следната генерација да им дадеме старт каков што заслужуваат, рече Димитров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.