Никола Димитров, вицепремиерот за европски прашања денеска на прес-конференцијата коментираше за односите меѓу Бугарија и Македонија.
Тој кажа дека најголемиот проблем се уцените од страна на бугарската страна, и дека Бугарија го прекршила членот 2 од Договорот за добрососедство.
Голем проблем за напредок во разговорите е атмосферата на уцена. И македонскиот народ и бугарскиот народ имаат една изрека, ‘со сила нема убавина’. За вистинска блискост и вистински напредок не може да стане збор ако опстане оваа атмосфера на уцена. Не може да имаме блискост и напредок кога се уценува, вели Димитров и дополни:
Бугарија го прекрши членот 2 од Договорот, според кој Софија ќе ни помага на европскиот пат, а не да нè блокира и да ни одмага. Ние доживеавме две вета и доживеавме проблематизирање на нешто што е многу внатрешно, проблематизирање на нашиот јазик на европско ниво и во таа смисла овие чекори го направија искрениот дијалог тежок. Тоа е главниот проблем – изјави Димитров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.