Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања денеска оствари средба со Олин Ветингтон, член на Управниот одбор на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), придружуван од Илина Мангова, раководителка на програмата на ИРИ во Македонија.

На состанокот стана збор за актуелни прашања на домашен и меѓународен план, вклучително и статусот на евроинтегративниот процес на Македонија и очекувањата за надминување на предизвиците.

Вицепремиерот Димитров ја истакна поддршката на Меѓународниот републикански институт за јакнење на демократските процеси и капацитети на Македонија, кои достигнувања беа нотирани во Извештајот на ЕК за земјата објавен месецов.

Димитров: „Процесот на европска интеграција е главниот двигател на реформската агенда дома, насочена токму кон европските вредности и стандарди, но го одразува и ангажманот на ЕУ и поддршката од САД за стабилност и просперитет на регионот. Почетокот на пристапни преговори на Македонија со ЕУ подразбира и отпочнување на следното поглавје во развојот и напредокот на регионот, но и унапредување на изградените стратешки партнерства и споделената визија.“

Претставникот на ИРИ ја нагласи заложбата за продолжување на соработката во областите од стратешка важност и поддршката за проектите во кои се рефлектирани споделените вредности.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.