Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска имаше средба со новиот претставник на фондацијата „Конрад Аденауер“, Даниел Браун, сооптшија од Влада.

Континуираната поддршка од Фондацијата „Конрад Аденауер“ за евроинтеграциските процеси, која вклучува и промовирање на политички дијалог и развојот на граѓанското општество трае веќе 2 децении, а за успешната соработка сведочат бројните проекти зад нас кои се реализирани токму со поддршка од Фондацијата, истакнал Димитров на средбата.

Во таа насока, како што соопштуваат, дискутираа за можностите за надградување и унапредување на активностите и проектите, како и за нивно подобро таргетирање за поддршка на приоритетните реформските процеси.

Од страна на Браун беше потврден интересот на Фондацијата „Конрад Аденауер“ за продолжување на успешната соработка и нејзино интензивирање во контекст на европските приоритети на Македонија, а Димитров на новиот претставник на Фондацијата во земјава му посака успешна работа во претстојниот период за време на извршување на неговата функција во земјава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.