Клучните приоритети од ЕУ агендата за периодот што следи, предизвиците на евроинтегративниот пат, регионалните здравствени и политички случувања, заедничкиот геостратешки интерес за приближување на регионот кон ЕУ, беа темите на кои денеска во Париз заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров разговараше на сесијата во проширен состав во францускиот Сенат, со која што претседаваше Жан-Франсуа Рапен, претседател на Комисијата за европски прашања.
-Поддршката и пријателството од еден од моторите на Унијата, токму во овој одлучувачки период за нашата европска иднина е потврдена. Македонија ѝ припаѓа на Европа не само географски, ние сме дел и од планот за нејзината подобра иднина, и.стакна Димитров, сопшти СЕП.
Зборувајќи за актуелните случувања во нашиот регион и пошироко, вицепремиерот Димитров и француските сенатори констатираа дека Македонија претставува една од најдобрите шанси за пробив во регионот, пример кој ќе покаже дека преговарачкиот процес може да успее.
-На Франција и на ЕУ ѝ се потребни партнери кои се залагаат за стабилност, добрососедски односи и регионална соработка. Позитивната траекторија на Македонија не само што може да претставува поттик за останатите, туку и своевиден гарант на стабилност, порача Димитров.
На сесијата во францускиот Сенат учествуваа претседателката на групата за пријателство Франција – Западен Балкан, Марта де Сидрак и претседателот на групата за пријателство Франција – Македонија, Арно Базен, наведуваат од СЕП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.