Никола Димитров на својот фејсбук профил напиша:

Враќајќи се постепено на работа, мислам дека е време да се вратам и тука.

Голема поддршка од грчка страна конечно да почнеме преговори со ЕУ. Како соседи, имаат јасен интерес европската иднина на Балканот да не остане празно ветување. Зборувавме и за Преспанскиот договор. Тој беше резултат на лидерство и одговорност, токму тоа што е потребно и за неговата имплементација од двете страни.

Силна поддршка и од Данска, земја која е посебно стриктна во однос на исполнувањето на копенхашките критериуми. Токму затоа, нивната гласна поддршка е многу значајна. Со МНР Кофод имавме многу отворен разговор, за предизвиците во регионот, но и за внатрешните предизвици на Унијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.